МЗТ Скопје убедливо го победи Работнички
МЗТ Скопје Аеродром убедливо, со 80 спрема 44, го порази актуелниот шампион Работнички во првиот од серијата финални натпревари.
Најуспешен од МЗТ беше капитенот Дамјан Стојановски со 17 поени, проследен од Магдевски со 13 поени, Иванов со 10, а Вудард, Симоновски и Самарџиски постигнаа по девет поени.
Кај Работнички, двоцифрена бројка постигнаа само Јаневски со 13 и Стајиќ со 12 поени.
Инаку, плеј оф натпреварите ќе се играат наизменично, така што следниот натпревар, ќе се игра на паркетот на Работнички во среда, а титулата годинава ќе ја добие тимот кој прв ќе забележи три триумфа.