МЗТ Скопје со трета победа во АБА 2, Рогашка убедливо поразена во Скопје


Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ја извојува и третата победа во својот трети настап сезонава во регионалната втора јадранска лига. Македонскиот кошаркарски шампион вечерва во „Јане Сандански“ славеше со 74:54 против словенечкиот претставник Рогашка.

Клучни за конечниот исход беа втората и третата четвртина, во кои „штрковите“ примија само 22 поени, и создадоа убава предност која без проблем да одржаа до крајот.

Капитенот Дамјан Стојановски беше најкорисен поединец со 18 поени, 9 скока и пет освоени топки. Бојан Крстевски уфрли 13, а Нуни Омот 11 поени. МЗТ е лидер на табелата во АБА 2 лигата со 6 бода од три меча. Во следното коло на 23 октомври, „металците“ во дерби дуел го пречекуваат Борац Чачак.