МЗТ Скопје падна во Гостивар, Работнички победнички во Куманово


Во македонската Прва лига за кошаркари вечерва се комплетира третото коло по кое само најтрофејниот клуб Работнички има максимален ефект. До третата победа тимот од „Градски парк“ додје во триумфот над Куманово во драматичен натпревар.

Прв пораз сезонава забележа актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром кој беше совладан во дербито во Гостивар.

Резултати:
Куманово – Работнички 70:72
Пелистер – Академија ФМП 92:77
Кожув – Еуро Никел 86:61
Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром 80:78
МЗТ Скопје Уни Банка – Вардар 75:95.

Табела: Работнички 6 бода, Кожув 5, МЗТ Скопје Аеродром 5, Гостивар 5, Куманово 5, Еуро Никел 5, Вардар 4, Пелистер 4, Академија ФМП 3, МЗТ СКопје Уни Банка 3.