МЗ: За инсулинот „ризодег“ има глобален дефицит – за пациентите обезбедена замена


Министерството за здравство информира дека во инсулинските аптеки има доволно количини од лекот „оземпик“ и „рибелсус“ согласно количините од договорот за јавна набавка.
Количините од овие два инсулини се испорачуваат тековно и континуирано до инсулинските аптеки.
Во врска со инсулинот „Ryzodeg“, од компанијата Ново Нордиск Фарма е добиено известување дека има глобален дефицит на овој лек. Лекот е достапен во нашата земја, но се добива во количини согласно тендерската постапка. За таа цел, пациентите кои имаат потреба од инсулинска терапија се обезбедени со соодветна замена на инсулин од иста генерика.
 
Потенцираме, сите пациенти ја добиваат потребната инсулинска терапија.