МЗ: Ревакцинирани 47 отсто од полнолетните граѓани, 56.349 примиле трета доза
Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.961 дози вакцини, од кои 1.721 се аплицирани како прва доза, 1.030 се ревакцинирани, а 2.210 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 15 ноември вкупно се вакцинирани 815.523 граѓани, ревакцинирани се 785.916, а трета доза примиле 56.349 граѓани, соопшти Министерството за здравство.
Педесет и седум отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 58 отсто, а со две дози опфатени се 47 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, стои во соопштението.