МЗ: Ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани, досега 24.021 примиле трета доза вакцина
Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 5.532 дози вакцини, од кои 666 како прва доза, 1.050 се ревакцинирани, а 3.816 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 27 октомври, вкупно се вакцинирани 803.408 граѓани, ревакцинирани се 773.537, а трета доза примиле 24.021 граѓани, соопшти денеска Министерството за здравство.
Педесет и четири отсто од граѓаните над 40-годишна возраст, како што се посочува во сооптението, се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од Министерството