МЗ: Растат платите на медицинските лица

Илустрација

Министерството за здравство информира дека во изминатите години,, од крајот на 2017 година наваму, во пораст се платите на медицинските лица, од медицински сестри, преку наставниот кадар до докторите-специјалисти.

„Изминатите години силно инвестиравме во нашиот кадар. Токму здравствените работници се столб на здравствениот систем – луѓето кои овозможуваат грижа и нега за сите граѓани. Го вративме нивното достоинство, ги покачивме платите и им овозможивме подобри услови за работа“, велат од Министерството за здравство.

– докторите специјалисти сега земаат 111.377 денари бруто плата
– наставниот кадар – 122.810 денари
– докторите на медицина – 58.991 денари
– медицинските сестри со висока стручна спрема – 50.376 денари, а медицинските сестри со средна стручна спрема 38.182 денари, информита Министерството.