МЗ: Нема никаква одлука за нови рестриктивни мерки


Фото: Б, Грданоски

Министерството за здравство ги демантира информациите што ги објавија неколку медиуми за наводни нови рестриктивни мерки.

До овој момент, нема никаква одлука за нови рестриктивни мерки, информира Министерството за здравство.

Во соопштението се посочува дека викендов ќе се направи детална анализа на епидемиолошките податоци од прашалниците и врз основа на направената анализа ќе се заземе став дали се потребни мерки и следни чекори кои ќе бидат препорачани до Владата.

– Ги замолуваме медиумите да се воздржат од дезинформации. Граѓаните да се информираат исклучиво од релевантните институции, Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија. По завршувањето на анализата со епидемиолошката состојба, јавноста ќе биде навремено информирана, се нагласува во соопштението на Министерството за здравство.