МВР: Вози внимателно, празнувај одговорно!


Засилени контроли има и на автопатиштата и скопската обиколница, како и на улиците во градовите, информира Министерството за внатрешни работи, упатувајќи апел да се вози внимателно и да се празнува одговорно.

-Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните прописи и заеднички да придонесеме за безбедни патишта и улици. Сообраќајната полиција и во текот на празниците ќе ги санкционира сите оние што ги кршат законите, стои во соопштението од МВР.