МВР во Чаир санкционираше 207 возачи


Фото: Б. Грданоски

Министерството за внатрешни работи вчера на територијата на општина Чаир изрече вкупно 207 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола за 23 лица, 24 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 31 за неносење на заштитна маска.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштуваат од МВР.