МВР подготвено натпреварот Македонија-Косово да се игра со публика


Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев оценува дека натпреварот на нашата фудбалска репрезентација со косовската иако е од голем безбедносен ризик може да се игра со публика. Дали натпреварот ќе се игра без публика поради потенцијална опасност од корона вирусот тој вели дека ќе одлучи Управувачкиот комитет предводен од министерот за здравство.

„Не гледам причина фудбалскиот дуел да биде без публика. Во постојан контакт сме со навивачките групи, разговараме превентивно. Направиме план на ниво на МВР кој е план за Европско првенство 2020 и преземаме мерки и активности натпреварот да биде одржан во најдобри услови од безбедносна гледна точка, рече Чулев.

Одлуката да се игра без публика поради можна опасност од корона вирусот, потенцира, не ја носи Министерството за внатрешни работи, туку Владата.

„Тоа е во надлежност на Управувачкиот комитет и водечка улога има Министерството за здравство. Согласно со препораките на министерот за здравство таква одлука ќе донесе и Управувачкиот комитет односно ќе предложи одлука на Владата. Во моментов немаме никакви индиции дека е потребно одложување на фудбалскиот натпревар Македонија –Косово, рече Чулев.

Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, пак, истакна дека со косовските колеги се во координација во пресрет на фудбалскиот дуел Македонија-Косово.

„Во постојана комуникација сме со косовските колеги и се очекуваат да дојдат во Скопје на оперативна средба каде што ќе размениме информации со кои располагаме. Нивно присуство ќе биде забележано и на 26 март, изјави Славјанка Петровска од Теарце.