МВР нема да го спречува одењето во викендички


Фото: Б. Грданоски

Со огледа на продолжениот викенд за време на празникот Велигден и можноста многу граѓани да се упатат кон своите викендички или станови во туристичките места, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев апелира граѓаните да ги организираат своите обврски до 16 часот во петок и притоа внимавајќи навремено да пристигнат до посакуваната дестинација.

-Ограничувањето на движењето на граѓаните ќе трае од петок во 16 часот до вторник во 5 часот. Имаме еден пролонгиран викенд заради велигденските празници. Апелирам граѓаните да ги организираат сите свои обврски до 16 часот во петок и притоа внимавајќи навремено да пристигнат на посакуваната дестинација. МВР ќе ги преземе сите неопходни работи и активности со цел непречено одвивање на сообраќајот непосредно до почетокот на полицискиот час, истакна министерот Чулев.