МВР: На 70 лица им се издадени решенија за изолација, регистриран 461 прекршок за неносење заштита на лице

Фото: Б. Грданоски

Во текот на изминатото деноноќие на 70 лица им се издадени решенија за изолација, а 62 потпишале изјави за самоизолација.

Како што информира МВР, полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што се евидентирани две кои не ја почитувале мерката.

За неносење заштита на лице регистриран е 461 прекршок.