МВР ги нарече невистини тврдењата на Чулев, тој прави алиби за лажните обвинувања на Мицкоски
-Согласно член 3 од Законот за јавни собири, известувањето се поднесува во подрачната единица на МВР на чие подрачје се одржува јавниот собир и во него е наведен организаторот на протестот со сите преземени мерки во врска со непречено организирање на протестот.
Но, таков документ со архивски број нема, бидејќи таков акт не постои. Екс-министерот за внатрешни работи точно знае дека согласно законот, организаторот кој го пријавил протестот може да сноси и одговорност за активностите кои се случуваат на истиот.
Оперативниот план на МВР со мерки и активности е изготвен согласно оперативните сознанија на полицијата, а не според изнесените дезинформации за уредно најавен протест и благодарение на тој план, со брза реакција на полицијата беа избегнати поголеми инциденти, а досега се приведени 20 лица, од кои против 12 веќе се поднесени кривични пријави, порачаа од МБР.
Според него, за време на вчерашниот инцидент на локацијата на која се случи инцидент и каде е неопходно дури и висинско обезбедување, видливи биле само тројца позорникари.
-Ова значи дека целосно е потфрлено во физичкото обезбедување со непредвидување на доволен број на полициски сили и соодветни материјално-технички средства. Дополнително, од професионално неразбирливи причини, мистериозно затаило и оперативното обезбедување, во насока на благовремено информирање за групирање на лица со намера за попречување на протестот и загрозување на јавниот ред и мир и односно загрозување на безбедноста односно животот на протестантите, обвини Чулев без да спомене ништо за наводниот обид за убиство на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на протестот – на кој во тој момент не ни присуствувал, а се докажа дека лицето со пиштол е од структурите на нивниот коалиционен партнер Алијансата за Албанците.
Со овие обвинувања целта по се изгледа е да се покрие смешната вонредна прес конференција на Мицкоски доцна навече и предоцна, бидејќи идентитетот на пиштолџијата веќе беше објавен и тој беше приведен.