Казни за полицајците, молк за Јован Бигорски


МВР  соопшти дека се расчистени сите три инциденти за кои имаше реакции откако се појавија снимки во јавноста – полицајците кои го приведоа момчето со кучето без заштитна опрема, маски и ракавици, гевгеличаните кои играа оро за време на полициски час и протестите кои се случија во скопската населба Ченто.

Според полицската евиденција, вчера околу 14,30 часот на улицата „Антон Панов“ приведоа момче кое го шетало кучето надвор од времето кое го предвиде Владата за шетање на миленици. Но, на снимката се гледаше дека полицајците го приведоа момчето без заштитна опрема. Против полицајците, како што соопшти МВР, иницирана е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

По реакциите на јавноста дека за играорците од Гевгелија нема казни и за демонстрантите од Ченто, МВР соошти дека денеска осуммина од гевгеличаните кои играа оро за време на полициски час, ги викнале на разговор, а останатите десет ќе ги повикаат деновиве.Против сите ќе бидат поднесени соодветени казнени приави.

Расчистен е оној што се случи во Ченто на 13 април. Освен трите лица кои првично беа приведени бидејќи местеа лежечки полицаец во време на полициски час, идентификувани се уште 23 лица кои протестираа по апењето на нивните сограѓани. Против сите 23 лица ќе биде поднесена кривична пријава.

Единствено за што има молк од МВР, и нема никакви најави дека ќе има истрага, е литургијата за Велигден во манастирот Јован Бигорски.