Музиката за филмот за Слаткаристика – „Слушни ме“ се снима во студиото FAME’S со музичари од целиот свет
Во студиото FAME’S во Скопје се снима оригиналната музика за „Слушни ме“, музички
документарен филм за Марко Маринковиќ – Слаткаристика и неговиот личен пат со
пелтечењето.
Музиката за филмот, на кој поголем дел е автор Лазар Цветковски, ја изведува оркестар
составен од млади музичари од различни европски земји и пошироко, учесници на
Институтот FAME’S.

Институтот е основан во 2021 година од страна на FAME’S ДОО, една одводечките европски компании за оркестарски снимања за филмската, телевизиската игејминг-индустријата. Институтот им овозможува на млади класични музичари од цела Европа да посетуваат мастеркласови со реномирани интернационални музичари, ментори и диригенти. Нивната мисија е да го модернизираат класичното музичко образование преку негово поврзување со актуелните индустриски трендови и современите музички жанрови, со фокус на напредни студиски техники, истовремено поттикнувајќи соработка во културниот и образовниот сектор.
На снимањето присуствуваше и Марко Маринковиќ – Слаткаристика кој го следеше целиот
процес на создавање.
„Пресреќен сум што имам можност своите песни да ги слушнам во една ваква оркестарска изведба. За мене ова е навистина посебен момент -музиката што е дел од мојата приказна добива нов живот, нова емоција и поинаква сила“, изјави тој.

Филмот „Слушни ме“ го следи патот на Марко Маринковиќ – Слаткаристика, од
несигурностите во детството до создавањето автентичен глас кој денес инспирира
многумина. Преку лични сведоштва, музика, работилници со деца и играни сегменти од
неговиот живот, филмот зборува за пелтечењето, прифаќањето на различностите,
храброста, упорноста и силата на уметноста.

Режисер на филмот е Раша Петровиќ, сценарист е Кристина Ризоска, а филмот е
создаден според идеја и вистинита приказна на Марко Маринковиќ – Слаткаристика.
„Слушни ме“ е во копродукција на ОХО Продукција и Иноватива Груп, а неговата
премиера се очекува на почетокот на 2027 година.