Музички Ворен Бити: Лени Кравиц крши срца во Холивуд


САД- Музичата ѕвезда Лени Кравиц (54) кој продал над 40 милиони албуми во текот на кариерата е познат срцекршач во Холивуд, како актерот Ворен Бити на времето. Поврзуван е со најубавите жени од шоубизнисот.

Иако има само еден брак зад себе (1987-1993) , со актерката Лиза Боне од популарната тв-серија „Козби шоу“ со кого ја има ќерката Зое Кравиц, Кравиц накратко бил свршен и со оскаровката Никол Кидман (2003-2004),  и со топ-моделот Адријана Лима (2002).

Од 1993 година до 1997 година беше во врска со актерката и пејачка Ванеса Паради која подоцна живееше и му роди две деца на актерот Џони Деп.