Муту: Ибрахимовиќ имаше кошмари поврзани со Роналдо


Поранешниот напаѓач на Јувентус, Адријан Муту се потсети на интересна приказна од својата кариера поврзана со друг поранешен напаѓач на „бјанконерите“ – Златан Ибрахимовиќ.

Романецот откри дека шведската ѕвезда страдал од кошмари поврзани со петкратниот освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо.

„Во Јувентус со Ибрахимовиќ спиевме во иста соба пред натпреварите. Еднаш Ибра се разбуди среде ноќ и ми рече: „Адријан, станувај! Сонував кошмар. Сонував дека Роналдо е подобар од мене. Тој повторно отиде во кревет едвај откако му реков: „Не, Златан, не! Ти си најдобар фудбалер во светот. Опушти се и заспиј“, напиша Муту во „Инстаграм“.