Муртезани во Брисел на состанок на ГАК за владеење на правото


Фото: Б. Грданоски

На покана на Данското претседателство со Советот на ЕУ, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, утре во Брисел ќе учествува на состанок на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК), кој ќе биде посветен на владеење на правото, соопшти неговиот кабинет.

Ова е второ учество на министри од земји-кандидатки за членство во Унијата, заедно со државите членки, на формален состанок на ГАК.

Ќе се дискутира за годинашниот Извештај на Европската комисија за владеење на правото. Во тој контекст, предвидено е да се разговара за состојбите во четирите области опфатени со Извештајот на ЕК за владеење на правото 2025: судскиот систем, антикорупција, медиумски плурализам и слободата на медиумите и за други институционални прашања поврзани со контролните механизми.