Орхан Муртезани на средби во Атина
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2025/02/Орхан-Муртезани-во-Грција.jpg)
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денес во рамките на работната посета на Грција, имаше средба заменик-министерката за надворешни работи Александра Пападопулу. Двајцата официјални претставници разменија мислења за начините за натамошно подобрување на соработката за ЕУ прашања. Ги истражија можностите за грчка техничка помош за Република Северна Македонија во рамките на нејзиниот пат кон ЕУ, напишаа од грчкото МНР.
Претходно од МЕП соопштија дека на денешната средба „беше реафирмирана заедничката заложба за унапредување на добрососедските односи и продлабочување на соработката во клучните области од заемен интерес“, дека акцентот беше ставен на европската интеграција на Северна Македонија, Планот за раст на ЕК за Западен Балкан и реформската агенда на земјата
Муртезани се сретна и со потпретседателот на грчкиот парламент и претседател на Комисијата за европски прашања, Јоанис Плакиотакис.
На средбата беше истакната важноста на парламентарната дипломатија како значаен инструмент за продлабочување на политичкиот дијалог и зајакнување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Грција. Во тој контекст, беше разгледана можноста за зајакнување на комуникацијата меѓу законодавните домови на Северна Македонија и Грција, како дел од заедничките напори за продлабочување на добрососедските односи.
Муртезани и Плакиотакис се осврнаа на европското досие на Северна Македонија и пполитиката на проширување на Европската Унија. Министерот Муртезани ја истакна важноста на одржувањето на кредибилноста на пристапниот процес, особено во светло на предизвиците што земјата ги надминува во напредокот кон следната фаза од преговорите. Се дискутираше и за Планот за раст за Западен Балкан, при што соговорниците ја истакнаа важноста на механизмите за побрза економска конвергенција на регионот со Унијата. Од македонска страна беше изразен интерес за унапредување на соработката со Грција во рамките на планот, особено во делот на инфраструктурното поврзување и енергетската безбедност.
Во текот на средбата беа разменети мислења и за билатералните процеси што се предмет на парламентарна процедура, при што беше потенцирана важноста на исполнувањето на преземените обврски како начин за натамошно јакнење на довербата и динамиката на соработката. Двете страни се согласија дека конструктивниот пристап и инклузивниот политички дијалог остануваат клучни во натамошното продлабочување на партнерството.