Муртезани контра политиката на Собранието за Палестина
Македонскиот јазик е признаен од ЕУ , а договорот со ФРОНТЕКС е составен на македонски, рече ирскиот министер со порака - нема повеќе изговори!

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, се дистанцираше на некој начин од политиката на македонското Собрание за Палестина, каде што не помина резолуцијата со која се бараше да се отвори пат за хуманитарната помош во Газа. На заедничката прес конференција со ирскиот министер за европски прашања, Томас Бирн, Муртезани изјави дека, без оглед колку сме мали како земја, не можеме да сме имуни на тоа што се случува таму и дека ако признавањето на Палестина стане заедничка надворешна политика на ЕУ, ние ќе го направиме тој чекор. Според него очигледно е дека целиот свет е мобилизиран и дека ситуацијата таму е алармантна.
„Ситуацијата во Газа е неподнослива и катастрофална и бара итна и сериозна хуманитарна помош. Тие (Израелците) имаат право да се бранат и заложниците треба да бидат ослободени, но тоа што се случува таму е неприфатливо“, рече Бирн, нагласувајкќи дека Ирска ја признала Палестина како држава уште пред една година, но со дипломатска ограда ни порача потоа дека секоја дтржава сама треба да реши за тоа и да заземе свој став. Но, тој најави дека со преставничката за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, планираат да разговараат со земјите членки околу тоа колку е тешка ситуацијата и дека мора да се направи нешто од страна на ЕУ.
Ирскиот министер беше многу јасен и околу преговорите на Македонија и ЕУ. Како иден претседатавч со Унијата, од 2026 година, тој најави дека проширувањето ќе биде нивен битен приоритет, дека процесот ќе биде „вистински“ и дека целта ќе биде преговорите со Македонија да се доведат до крај и да бидат засновани на заслуги. Тој потоа даде силно охрабрување околу дилемите што постојат кај нас.
„Нашиот суверенитет беше засилен кога станавме земја членка на ЕУ и седнавме на таа маса. Нашата култура и нашиот јазик значително беа зачувани со членството во Унијата“, рече тој споменувајќи дека во Ирска се зборува и ирски и англиски и дека ирскиот стана официјален јазик на ЕУ.
„Го ценам тоа дека вашиот пат кон ЕУ е долг и мачен и изгледа како да нема крај, но ние мора да го донесеме до крај и до позитивен исход.Тука сме, ве поддржуваме и ќе ја понудиме секоја помош тој процес да биде правичен и заснован на заслуги“, рече Бирн како преставник на земја силен поддржувач на проширувањето и земја со долга значајна историја на помагање на Македонија.
Околчу прашањето дали ЕУ може да даде некакви гаранции за преговорите, Бирн најотворено рече дека тој не може да дава гаранции за ништо – освен дека ќе работи секојдневно за да го олесни нашето пристапување во Унијата врз основа на заслугите.
Фото:Б.Грданоски
„Договорот што беше потпишан пред три години сметам дека треба да се спроведе . Така ќе се отвори преговарачкиот процес. Нема други изговори. Македонскиот јазик е признаен од ЕУ , а договорот со ФРОНТЕКС е составен на македонски. Албанија ќе се приклучи исто така кон ЕУ и македонскиот и албанскиот јазик ќе имаат ист статус како ирскиот кога станавме земја членка. Немаме сомнеж дека ќе го има“, рече ирскиот министер.
Муртезани пак нагласи дека ние мора да градиме добрососедски односи бидејќи се повикуваме постојано на Копенхашките критериуми и дека резолуцииите или внатрешните политички прилики не треба да се градат против нив, туку треба да градиме заеднички позиции. Според него, сите посети направени изминатите месеци не биле со намера да репреговараме за тоа што е веќе преговарано туку, како што рекол министерот Бирн, да апелираме на сите тие грижи и да најдеме начин процесот да има крај. (С.Ј.)