Мурињо со рецепт како да се победи Ајакс


Жозе Мурињо го сподели своето мислење за главната причина Јувентус да биде елиминиран од Ајакс во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Италијанците стигнаа до 1:1 во Амстердам, но на домашен терен отстапија со 1: 2.

Според Португалецот, против овој ривал мора да се потпре на повеќе физичка битка.

Тој го предводеше Манчестер Јунајтед до победа над Ајакс со 2:0 во финалето на Лигата на Европа во 2017 година

– Ако му дозволите на Ајакс да ја игра играта на свој начин, ризикувате вашиот ривал да биде посилен од вас. Меѓутоа, во тој финален натпревар, ние се потпревме на фудбалот, кој тие не го сакаа. Тогаш тие се жалеа од цврстите дуел-игри на Маруан Фелаини, се жалеа и од нашето бавно темпо при градењето на нападите, бидејќи не можеа да се справат со тоа, рече Специјалниот пред „РТ Спорт“.

Во полуфиналето во ЛШ, Ајакс ќе игра со Тотенхем, а во другото ривали се Ливерпул и Барселона.

– Ако Холанѓаните стигнат до финалето, сметам дека Барселона и Ливерпул ќе можат да ги победат со својот стил на игра. Но кога ја немаш потребната класа, тогаш е важно да излезеш против Ајакс со фудбал, каков што тие не сакаат, додаде Мурињо.