Мурињо: Можеби за некои играчи сум лош, но никој не може да ги негира моите успеси


Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо целосно разбира дека не е миленик на многумина, но и знае дека неговите успеси во спортот зборуваат доволно за неговиот имиџ.

Португалскиот стручњак е на мислење дека некои аналитичари премногу брзо ги заборавиле неговите достигнувања кои воопшто не се далеку во минатото.

– Трофеите кои сум ги освоил во минатото, се гаранција за успех во иднина. Дури и оние кои се трудат да ги заборават моите успеси, и тие нема да го сторат тоа. Последниот мој трофеј беше пред година и половина во Лига Европа, а последното мое финале – пред осум месеци. Некои луѓе мислат дека ова се случило пред 20 години, изјави Мурињо.

На прашањето како би го опишале некои фудбалери, Португалецот одговори: „Можеби како копиле“.

Мурињо во последните месеци успеа да се скара со скоро сите во штабот на Манчестер Јунајтед, вклучувајќи и со големата ѕвезда на Пол Погба.

Специјалниот исто така, истакна дека не би се вратил на работа во Премиер лигата.