Мурињо: Моите најдобри спомени се во Реал Мадрид


Жозе Мурињо во интервју рече дека се чувствувал најдобро како ментор на Реал Мадрид.

– Во Реал Мадрид ми беше најдобро искуство заради она што го научив таму како тренер и личност, како и лекциите што ги применувам во мојата кариера и живот. Ова е најдобриот спомен на мојата кариера, вели Португалецот.

Тој додаде дека спроти него го имал најдобриот тим на светот, Барселона и дека морало да најде начин да ги победи.

– Моравме да го избегнеме тоа Барселона да не победува, па најважен беше трофејот од Купот на Местаља (во 2014 година кога Реал победи со 2-1). Од тој момент натаму ништо не беше исто. Ние го освоивме шампионатот и Суперкупот на Шпанија, но ништо не може да се спореди со финалето на Купот. За жал, не успеав да победам во трите полуфиналиња во Лигата на шампионите, изјави Мурињо за португалскиот „Канал 11“.