Мурињо: Меси ме направи најдобар тренер, му должам многу


Португалскиот селектор Жозе Мурињо изјави дека е благодарен за играчите, кои му отежнале на Реал Мадрид во времето кога тој го предводеше шпанскиот гигант.

Тој зборуваше за времето кога ги водеше „белите“ и се заблагодари на големата sвезда на Барселона – Лионел Меси.

– Секогаш велам дека им должам многу на моите играчи и на оние кои не играа под мое водство и ми предизвикуваа проблеми. На пример, Меси никогаш не играл во мојот тим, но јас играв против него и тој ме направи најдобриот тренер, затоа што внимателно се подготвував за натпреварите со него. Посочувајќи го Меси, мислам на сите одлични играчи со кои сум се соочил, вели реномираниот ментор.