Мурињо: Кристијано, Дрогба, Милито и Ибра даваа повеќе голови под мое водство


Англија– Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, одговори на легендата на Арсенал, Пол Мерсон, според кој напаѓачот Хари Кејн не би постигнувал доволно голови под водство на Специјалниот поради неговиот стил на игра.

Капитенот на Англија има постигнато 7 гола на 12 натпревари откако Португалецот ги презеде Спарси.

– Драг Пол, имам голема почит кон тебе. Мислам дека Хари Кејн нема проблем да постигнува голови за мене, особено кога е во форма, свеж и во разигран ритам. Ова е мојата порака до човек, за кого имам голема почит. Јас тренирав играч кој не е лош. Тој сега игра за Јувентус. Тој играше за мене три сезони и постигна 168 голови (Кристијано Роналдо во Реал Мадрид). Тоа е просек од 56 гола по кампања. Има неколку напаѓачи кои играа под мое водство и не се лоши. Еден од нив се вика Дидие Дрогба. Тој играше за мене четири сезони и постигна 186 голови или просечно 46 по сезона (за Челси). Имав еден со име Диего Милито. Играше една сезона со мене (во Интер во 2009/10). Тој постигна 30 голови и освои три трофеи. Имав друг играч за сезона и половина. Високо момче, Златан Ибрахимовиќ (исто така во Интер). За една и пол сезона, тој постигна 58 голови или 29 по сезона, прокоментира Мурињо на својата прес-конференција пред утрешното градско дерби против Вест Хем.