Мултимедијална поетска ноќ во чест на 30 години од независноста


Во рамки на одбележување на 30 години независнот на нашата држава, вечерва во објектот Куршумли Ан, ќе се одржи манифестацијата „Мултимедијална летна ноќ“.

Мултимедијалната ноќ , според организаторите, ќе го долови духот на филмот, музиката, поезијата, ликовната уметност, животот и творештвото на Блаже Конески, Кочо Рацин и Петре М. Андреевски, а ќе има и актерски и сликарски перфоманси. Истакнати поети од различни генерации и националности, како Сузана Мицева, Стојан Арсиќ, Арлинд Фаризи, Лејла Шериф, Сејдо Јашаров ќе настапат со свои стихови и ќе испрезентираат и дел од своето творештво.

Мултимедијалната летна ноќ, свое продолжение преку музика и поезија, ќе има на 14 септември 2021година исто така во објектот Куршумли Ан, кога ќе настапат и музичарите Глигор Кондовски на виолина, Јован Василевски на пијано и познатиот музичар Горан Трајковски.