Мухамед Зекири позитивен на корона вирус


Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, на својот Фејсбук профил потврди дека е  позитивен на корона вирусот заедно со неговата сопруга и тримесечното бебе.

„За среќа, немам никакви симптоми, но тестот покажа позитивен резултат. Уште еднаш апелирам до сите да не го потценуваат вирусот и да бидат максимално внимателни“, напиша Зекири на Фејсбук. Тој им се извини на сите со кои во последните денови бил во контакт и жалење што ненамерни ги вовел во незавидна ситуација.

Пред неколку дена тој беше на телевизиска дебата на ТВ 24 со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, а домаќин им беше новинарката Душица Мрѓа.