Мухамед Зекири: Ова со ИВЗ е игра на ДУИ, криминалци бранат криминалци


Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири смета дека случувањата околу Исламската верска заедница се провидна игра на ДУИ.

„ИВЗ е посебна приказна, како што бива, криминалци си бранат криминалци. Играта на ДУИ со ИВЗ е провидна и е обид да бараат изговори зошто не можат да испорачаат тоа што ветиле на изборите. Среќа што луѓето одамна не им веруваат ниту ним, ниту резилите од ИВЗ“, пишува Зекири на својот профил на „Фејсбук“.