Мугабе ќе биде погребан во недела меѓу националните херои на Зимбабве
Првиот премиер на независно Зимбабве и долгогодишен претседател на земјата, Роберт Мугабе, ќе биде погребан во недела во националното светилиште во главниот град Хараре, изјави денеска портпаролот на семејството Мугабе, што е во спротивност со коментарите што се слушаа вчера, а според кои семејството се противело на владините планови за организација на погребот.
Борбата околу местото на неговото погребување претставуваше голем проблем за претседателот Емерсон Мнангагва, некогашен негов заменик, кој се здружи со војската за да го симне од власта. Се закануваше опасност дека на виделина ќе излезат длабоките поделби во владејачката партија ЗАНУ-ПФ.
Телото на Мугабе од Сингапур во Хараре пристигна во средата.
Некои роднини на Мугабе изразија несогласување со начинот на кој поранешните „другари“, како Мнангагва, го соборија Мугабе од власта, па затоа се заложија погребот на поранешниот претседател да биде во неговото родно село.
На погребот во недела ќе присуствуваат претседателот на Јужна Африка, Цирил Рамафоса и на Кенија, Ухуру Кенијата.