Муцунски за извештајот на Европскиот парламент: Срамен обид на Бугарија

Во Европскиот парламент има една активна пропаганда, за жал, во негативна конотација, која е подржана и од официјална Софија, за модификација, односно модернизација на македонскиот национален идентитет. Срамно е ова што се прави, срамен е овој обид што доаѓа од една земја членка на ЕУ за редефинирање на македонскиот национален идентитет кој ние имаме право да си го почитуваме и да си го градиме и надградуваме. Жалиме што земји членки на ЕУ имаат антиевропски позиции во моментот, изјави денеска министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Тој рече дека Македонија но нема да прифати никаков компромис кога е во прашање идентитетот.
Во однос на извештајот за напредокот на земјава, министерот очекува, како што рече, свест во рамки на Европскиот парламент за значењето на тоа што ќе се случува на пленарната седница.
„Суштината на проблемот е дека сигналите и тоа што го слушаме и од Бугарија подолг период е дека не се работи само за уставни промени. И каде најдобро и најпрецизно се идентификуваше тоа, во Европскиот парламент каде видовме дека има една активна пропаганда, за жал, во негативна конотација, која е подржана и од официјална Софија за модификација, односно модернизација на македонскиот национален идентитет. Притоа, никој не знае да објасни што значи тоа модерен идентитет и модерен јазик. И затоа велиме, отворено дискутираме, не прифаќаме секаков компромис зашто од тоа државата е во оваа позиција во која што е. Според него, неспорно е тоа што и се случува на нашата држава во последните повеќе од 30 години.
Тој рече дека надворшната политика се води низ призмата на националниот интерес и тоа, напомена, постигнува занчителни резултати.
„Треба јасно да нагласиме дека ние не сме во моментов земја членка на ЕУ, значи немаме наши европратеници во Европскиот парламент кои можат под внатре да работат на овој процес. Оттука, нашиот ангажман е многу посложен од, за жал, ангажманот што го гледаме од соседна Бугарија. Очекуваме свест во рамки на Европскиот парламент за значењето на тоа што ќе се случува на пленарната седница“, рече Муцунски.
Според него, надворешната политика се води низ призмата на националниот интерес и тоа е клучната промена што ја прави оваа влада во надворешната политика и дека постигнувале значителни резултати.