Муцунски уверува: Постигнавме значајни успеси


Фото: Б. Грданоски

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во новогодишната видео честитка порачува дека фокусот во 2025 година ќе биде евроинтеграцијата на државата, придонесот во НАТО и цврстото партнерство со САД.

-Минатата година беше значајна пресвртница на државен план, година на промени што носат вистинско подобрување на животот на граѓаните и успешно позиционирање на нашата држава на меѓународната сцена, вели меѓу другото Муцунски.

Тој наведува дека изминатата година била исполнета со предизвици, но и со значајни успеси, наведувајќи голем број билатерални средби, зајакнатиот углед на државата,  активен придонес во меѓународните организации, развивање на силни партнерства, како и придонес во глобалната политика мир и безбедност.

– Чекорејќи по патот што успешно го трасиравме минатата година, во 2025 година ќе продолжиме да градиме партнерства, преку дијалог да бараме решенија на отворените прашања и со меѓусебна почит и разбирање да останеме кредибилен меѓународен партнер. Евроинтеграцијата и понатаму останува во фокусот како и нашиот придонес во НАТО и цврстото партнерство со САД, вели Муцунски во видео честитката објавена на неговиот официјален фејсбук профил.