Муцунски разговараше со израелскиот министер Сар
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денес оствари телефонски разговор со неговиот израелски колега, министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Сар.
Во текот на разговорот, министрите разменија мислења за актуелните состојби на регионален и глобален план, како и за билатералните односи меѓу двете земји.
Муцунски го поздрави и неодамнешниот договор за ослободување на заложници и прекин на огнот во Газа, нагласувајќи го како значаен хуманитарен чекор напред и можност за воспоставување траен мир во целиот регион, наведува МНР во соопштението.
Двајцата министри дискутираа за потенцијалот за продлабочување на билатералните односи, со посебен фокус на економската, технолошката и научната соработка. Исто така, беа разгледани можностите за размена на искуства и знаења во области како образование, здравство, земјоделство, стартап екосистеми, технологија, туризам и култура.
Министерот Муцунски го информираше својот соговорник за одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот во Министерството за надворешни работи.