Муцунски: Најавен протест на ЈСП – од претпријатието велат ќе возат


Дел од градоначалниците од скопскиот плански регион денеска на состанок се договорија да побараат отчетност од Градот Скопје за состојбата со комуналната хигиена во главниот град, а ноќеска и утрово општините се организираа и зачистија дел од контејнерите, особено околу нив. 

– Кога решивме со оние малку ресурси да ги исчуистиме контејнерите и го однесовме ѓубрето во „Дрисла“, ни рекоа не може тука да се одложи. А каде да го однесеме, сопственост на некое семејство е „Дрисла“, приватен субјект е? Не, тоа е јавно претпријатие – наше, ваше на сите вас претпријатие. Да престанеполитиката во овој дел. Само што добив информација дека е најавен е протест на јавниот градски превоз повторно! Оваа агонија мора да ја прекинеме – рече Тимчо Муцунски градоначалник на Општина Аеродром, по состанокот на Скопскиот плански регион.

Повика дека не може да доаѓаат возила од Штип, Велес, Старо Нагоричане да го чистат ѓубрето во Скопје.

– Овие луѓе за тоа земаат плата – вели Муцунски и смета дека треба да си ја завршат работата, односно да го исчистат главниот град.

Во однос на изјавата на муцунски дека има информација за протест на ЈСП, од таму велат дека  јавниот градски превоз ќе функционира редовно и без задршки.

„Апелираме до медиумите да бидат одговорни и да не шират лажни вести и паника кај граѓаните. Истовремено, сакаме да потенцираме дека причината за штрајк на новоформираниот синдикат, четврти по ред, е нелегитимна бидејќи од 1 јуни зголемена е платата на сите вработени во ЈСП.

Апелираме, медиумите и синдикатите да не дозволуваат да бидат инструментализирани од политиканти и политички бандити“, информиараат од ЈСП.