Муцунски на средба со Баро во Париз

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски кој денеска претстојува во работна посета на Париз, преку социјалните мрежи сподели дека денешниот ден го започнал со одлична средба со неговиот домаќин, министерот за Европа и надворешни работи на Франција, Жан-Ноел Баро.
За време на средбата, како што вели, двајцата заеднички изразиле задоволство од развојот на билатералните односи и разговарале за понатамошна цврста и продлабочена соработка меѓу двете земји – како на политичко, така и на економско ниво, преку зајакнување на соработката помеѓу компаниите и владите.