Муцунски: Идната година ќе почнеме со изградба на две градинки, во Лисиче и зад кулите Џевахир

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски кажа дека следната година ќе почне изградба на две градинки, во Лисиче и позади кулите Џевахир.
Муцунски на денешната презентација даде краток осврт за тоа што било сработено во 2022 година и ги претстави плановите за идната година.
– Следната година планираме почеток на градба на две градинки, едната во Лисиче, а другата зад кулите Џевахир. Имаме план да почнеме доградби и надградба на основни училишта, но и ред други проекти кои треба да се реализираат, а се насочени кон најмладите категории. Се планира и решавање на инфраструктурата, се планираат нови улици, паркинзи и сè што им е потребно на аеродромци, кажа Муцунски.