Муцунски е „згрозен“ од последните руски напади на Украина


„Ужаснат сум од најновите руски напади врз Киев и другите украински градови. Уште еднаш, невини цивили – вклучувајќи деца – ја платија цената. Се солидаризираме со Украина. Напорите за прекин на огнот и за праведен мир мора да се забрзаат“, реагираше денес преку  социјалните мрежи шефот на дипломатијата Тичко Муцунски.

Инаку, тој  деновиве учествува во работата на Парламентарното собрание на НАТО, каде што присуствуваше на прием во воздухопловната база „Врајт-Патерсон“, на кој беше и генералниот секретар Марк Руте, а каде се одбележува годишнината од Дејтонскиот договор.