Мртва трка – СДСМ води со еден процент пред ВМРО-ДПМНЕ


Според резултатите од ДИК кои може да се добијат во комисијата додека нивниот сајт се уште не работи, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се во мртва трка, со тоа што водат социјалдемократите. Од пребројани гласови од 2.287 избирачки места од 3.480 СДСМ има 36,79 отсто, а ВМРО-ДПМНЕ 35,77 проценти.

Од другите партии, ДУИ има 10,29, Алијансата за Албанците 8,12 отсто, Левица 4,17, Интегра 1,39, а ДПА 1,32 отсто. Другите партии се под еден процент.