Моторџии настрадале во четири одделни сообраќајки


 

Во полицискиот билтен наведени се четири одделни сообраќајни незгоди низ земјава, во кои учесници и најчесто настрадани биле возачи на мотор.

Имено, во понеделникот, во 18.10 часот на крстосница од бул.„Октомвриска револуција“ и улиците „Ѓорче Петров“ и „Иво Лола Рибар“ во Куманово се случила сообракајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.М.(23) од Куманово и мотоцикл „јамаха ЗР 750“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.С.(28) од Куманово. Во незгодата С.С. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Куманово. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Истиот ден, во 10:15 часот на крстосница од ул.„Никола Тесла“ и ул.„Бранислав Нушиќ“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен кактус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(25) од с.Јурумлери, скопско, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.Ф.А.(39) од Скопје и паркиран мопед „пежо“ со скопски регистарски ознаки, паркиран од Б.П.(28) од од Скопје, кој во тоа време стоел до мопедот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.П., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Впо 10 часот на регионалниот пат Гевгелија-с.Негорци се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „Томос“ без регистарски ознаки, управуван од К.М.(78) од Гевгелија и патничко возило „опел астра“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од К.З.(61) од Гевгелија. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил К.М. и бил пренесен во комплексотклиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гевгелија.

Во 13.30 часот било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Свети Николе се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „баотиан“ со штипски регистарски ознаки, управуван од С.П.(55) од с.Пеширово, светиниколско и патничко возило „фолксваген бора“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(49) од Свети Николе. Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип, се здобил возачот на мопедот. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.