МОТ: „Градот како сцена II – приказна за шетачката“, инсталација во три чина со Институт за театар од Чешка

МОТ ја претставува исклучителната соработка за презентирање на партнерство на ФРУ со Институт за театар од Чешка/Прашко квадриенале за дизајн на перформанс и простор(PQ), преку „Градот како сцена II – приказна за шетачката“, инсталација во три чина која се надоврзува на претходните проекти и изведби кои „Факултетот за работи што не се учат – ФРУ“ ги прави веќе 10 години, со читањето на градот, јавниот простор и конкренти објекти, од 2013 – 2023 година.
„ Градот како сцена II – приказна за шетачката е тридневен настан (поеден перформанс дневно) кој во целината создава театар/изведба. Настанот за МОТ е акција што треба да предизвика релации во локалната но и интернационалната заедница. Практично сакам/е да си играме со протоколите на тоа што е театар? Што е тоа што одредува театар? Што дефинира што претставува одредена сцена? Кога и како јавниот простор се трансформира во сцена? Тоа се голем дел од прашањата кои ги отвараме со оваа тридневна програма .
Соработка со Прашкото квадринале, како една од најрелевантните интернационални институции за театар, е важна поради блискоста и промоцијата на интердисциплинарната пракса во современот театар која се наоѓа во врската помеѓу просторот и изведбата“ , вели Филип Јовановски, куратор и еден од авторите на перформансот.
Вечерашната изведба на првиот чин е во 20 часот во Железничката зграда.