Мостот „Близнак“ утре два часа ќе биде затворен за сообраќај


Утре, 8 октомври, ќе се санира оштетената заштитна ограда на мостот „Близнак“, на булевар „Киро Глигоров“.

ЈП „Улици и патишта“ информираат дека активностите ќе се одвиваат на потегот од крстосницата со улица „Индустриска“ до крстосницата со булевар „АСНОМ“, во периодот од 13 до 15 часот.

Поради изведбата на работите, за сообраќај привремено ќе бидат затворени двете коловозни ленти, а местото ќе биде соодветно обележано со сообраќајна сигнализација, велат од претпријатието.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат внимателни и трпеливи до завршување на активностите.