Москва: Вестите за руски ракети во Полска се провокација
Министерството за одбрана на Руската Федерација ги нарече извештаите за падот на руските ракети „намерна провокација со цел да се ескалира ситуацијата“. „Не беа извршени напади врз цели во близина на украинско-полската државна граница со руски средства за уништување. Фрагментите објавени во жешка потера од полските медиуми од местото на настанот во селото Пржеводов немаат никаква врска со руското оружје“, соопшти руското Министерство.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски, коментирајќи ја експлозијата во Полска, рече дека „теророт не е ограничен само во нашите државни граници“. „Руски ракети ја погодија Полска. Колку пати Украина кажа дека терористичка држава нема да се ограничи само на нашата земја? Прашање на време е кога рускиот терор ќе продолжи понатаму“, рече Зеленски во видео пораката по 265-от ден од војната.