Москва тврди дека 30 Македонци загинале борејќи се за Украина

Македонија нема податоци, но Русија има бројки за наводно загинати македонски граѓани на фронтот во Украина. Кои се бореле на украинската страна.
Според руското Министерство за одбрана досега во Украина загинале 5.962 странски борци во Украина, од кои и 30 од Македонија. Според руските бројки вкупно 90 македонски граѓани се бореле на страната на Украина. Овие податоци покажуваат дека најмногу волонтери дошле од Полска (2.960) и најмногу загинати имало од оваа земја, сосед на Украина (1.497).
Нема податоци дали и колку лица од Македонија и од светот се борат на руска страна, Се знае дека масовно, за пари, се регрутираат Индијци и Непалци, на пример, за да се борат во руската војска.