Москва се „грижи“ за економијата во Европа по прекинот на рускиот гас


Марија Захарова

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова оцени дека прекинот на транзитот на рускиот гас преку Украина негативно влијае на економскиот потенцијал и животниот стандард во Европа.

„САД и Киев се главни виновници за растот на цените на енергијата во Европа,“ рече Захарова.

Таа посочи на штетите што ги претрпеа европските земји, како Германија, која мораше да купува поскап гас по нападот на „Северен тек“.Захарова нагласи дека сега и другите европски земји ќе мора да ги сносат последиците од „американската стратегија“.

Таа истакна дека Русија ги исполнила сите договорни обврски, но Киев одбил да ги обнови договорите со Газпром, што доведе до прекин на транзитот на 1 јануари 2025 година.