Морското дно преполно со микропластика


На дното на океани, научниците на само еден квадратен метар пронашле 1,9 милиони парчиња микропластика во слој дебели пет сантиметри, што е најголема концентрација на пластичен отпад досега регистрирана на океанското дно.

Повеќе од 10 милиони тони пластичен отпад што влегува во море секоја година е всушност само еден процент од отпадот што е на површината на океанот, тврдат британските научници.

„Откривме до 1,9 милиони парчиња микропластика во слој дебели 5 см што покрива само еден квадратен метар, највисоко ниво на микропластика што некогаш е забележано на дно на океан“, напиша Јан Кејн од универзитетот Манчестер и Мајкл Клер од Националниот океанографски центар во Ливерпул.

Пластичните остатоци постепено се распаѓаат во помали фрагменти во океанот, се додека не формираат честички помали од 5 мм, познати како микропластика, пренесува Сајенс алерт.