Морско оревче: Лековит зачин со кој треба да бидете внимателни


Морското или мускатно оревче е богато со антиоксиданси, кои штитат од развој на хронични болести и имаат антиинфламаторно дејство. Имаат и силно антибактериско и аналгетско дејство, па затоа тинктурите кои го содржат овој зачин се користат во масти и лекови против болки. Особено при ревматизам и механички повреди.

Добро е и за здравјето на бубрезите и црниот дроб бидејќи им помага да ги исчистат токсините, но и да ги растворат калцификациите кои можат да се наталожат во овие органи.

Неколку студии досега потврдија дека состојките на морското оревче, како и маслото добиено од него, можат ефикасно да предизвикаат апоптоза, односно клеточна смрт на рак на крвта, односно леукемија, со што се запира развојот на овој вид на болест.

Во народната медицина, мускатното оревче е високо ценето поради неговото антибактериско дејство, па затоа се користи во борбата против лошиот здив и таложењето на бактерии во устата. Содржи и еугенол, кој е главниот непријател на забоболката.

Поради екстремно високата содржина на магнезиум, меленото морско оревче во топлото млеко го решава проблемот со несоницата.

Симптоми на труење
Иако ова е скапоцен зачин кој може да го подобри општото здравје на многу начини, може да има и многу непријатни несакани ефекти. Ако го користите во мали дози, нема причина да се грижите, но претерувањето може да доведе до компликации, па дури и сериозно труење.

Предозирањето може да предизвика халуцинации, конвулзии, тахикардија и повраќање.

За да го искористите максимумот од морското оревче и да го избегнете ризикот од несакани ефекти, не смеете да ја надминувате дневната препорачана доза од 2 грама.

Исто така, овој зачин е строго забранет за трудници, како и за луѓе кои страдаат од епилепсија и тешки невролошки нарушувања.

Меленото морско оревче треба да се чува на суво место, во стаклена тегла, подалеку од извори на топлина и светлина. Вака чуван, останува свеж шест месеци.