Морничави сцени во Босна и Херцеговина: Сѐ е под вода, загинаа три лица (фото/видео)


Босна и Херцеговина ја погодија поплави, а според медиумите најмалку три лица загинаа. Фотографиите и видеата најдобро ги опишуваат последиците од излевањето на реките што предизвикаа поплави.

Кисељак е целосно под вода, струјата снема, а мештаните се заробени во куќите.

Во некои делови на Кисељак не е возможно движење на возила, но ниту движење на пешаците.

КУЦЗ СБК го повика населението да не ги напушта домовите.

Апокалиптичните сцени доаѓаат и од Јабланица, Тарчин, Фојница и Коњиќ.

Кај Јабланица три лица загинаа во поплавите, а најлошо е во село Злате, според премиерката Марија Бухач (ХДЗ) која  ги објави најновите информации за состојбата во поплавените подрачја на овој кантон.

Бухач нагласи дека има човечки жртви, но дека не може да прецизира колку луѓе ги загубиле животите во моментов.

Како што е потврдено за Klix.ba, човечки жртви имало во селото Злате кај Јабланица, каде состојбата е најлоша. Најмалку три лица загинаа.

Според неа, денеска во три часот по полноќ имало силно невреме кое предизвикало голема материјална штета. Таа нагласи дека северните делови на кантонот се отсечени и дека животите на граѓаните се загрозени.

Властите на ХНК побараа помош од повисоките нивоа на власта, меѓу кои и вооружените сили на Босна и Херцеговина. Таа посочи дека се работи на активирање на хеликоптерот за спасување на детето во Јабланица.

„Дадовме наредба на војници и хеликоптери. Испратив барање до командантот, тоа е пократка процедура, која тој ќе ја одобри, мора да евакуираме едно дете“, изјави за Klix.ba министерот за одбрана на БиХ, Зукан Хелез.