Морган Стенли ги зголеми прогнозите за цената на нафтата


Цените на нафтата паднаа за речиси пет отсто во последните пет дена (Brent сега вреди 106 долари), и покрај зголемените закани од Европа за воведување ембарго на руската нафта.

Во Морган Стенли, американска мултинационална инвестициска банка и компанија зза финансиски услуги, сепак, ја ревидираа нагоре просечната цена на Брент во третиот квартал, од 120 на 130 долари. За потсетување, минатиот месец Брент достигна 139 долари, најмногу од 2008 година.

Холандија планира да ги прекине сите испораки на руска нафта и нафтени деривати до крајот на годинава. Но, цената на нафтата очигледно беше повеќе погодена од побарувачката во последните денови, бидејќи пониските проценки за овогодишниот глобален економски раст паѓаат.