Моравјецки: За мене нема „црвени линии“ во однос на економските санкции кон Русија


 Полскиот премиер Матеуш Моравјецки повика на воведување поостри антируски санкции, изјавувајќи дека за него нема „црвени линии“ кога станува збор за економските санкции кон Русија.

-За мене не постојат црвени линии во однос на економските санкции против Русија, изјави Моравјецки во интервју за германскиот весник „Билд“.

„Навистина, треба да бидеме доследни и да нема веќе исклучоци во блокадата на банките и одземањето на имотот на олигарсите. Неопходно е да нема веќе визи за руските граѓани и да биде замрзнат целиот имот на членовите на партијата Единствена Русија“, додаде Моравјецки.

Покрај тоа, тој уште еднаш повика да се запре увозот на енергенси од Русија.

-За да се реализира тоа, потребно е што поскоро целосно енергетско ембарго од страна на Германија и Европската унија“, изјави полскиот премиер