Мопед и автомобил излетале од коловозот, повредени возачите


 

Во две одделни сообраќајни незгоди настрадаа возачите на мопед и на автомобил, откако со возилата излеател од патот.

Имано, во неделата, во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Страчинци– с. Стајковци, патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(19) од Скопје, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Истиот ден, во 16 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Железничка“ во Штип, мопед со штипски регистарски ознаки, управуван од М.И.(54) од Штип, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.